На барање на Европското јавно обвинителство (ЕППО) во Загреб, денеска беше уапсен поранешен помошник министер во Министерството за култура и медиуми, сега главен конзерватор во Дирекцијата за заштита на културното наследство, под сомнение за корупција, како дел од истрагата на Факултетот за геодезија на Универзитетот во Загреб.
Денеска се уапсени и поранешниот декан на Геодетскиот факултет (Алмин Џапо, оп. а.) и поранешен професор на истиот факултет (Бошко Прибичевиќ, оп. а.), јавува Н1 Загреб.
Против сите тројца ЕСЈО донесе решение за проширување и спроведување на истрагата.
Според европските обвинители, деканот и професор по геодезија и дал на Нина Обљен Коржинек поткуп од 39.000 евра и паметен часовник Apple Watch на блиска соработничка на Нина Обљен Коржинек.