Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека ќе го нападне Рафах, јужниот град во Појасот Газа, каде што побегнаа стотици илјади Палестинци.
Нетанјаху рече дека Израел ќе влезе во Рафах за да ги уништи баталјоните на Хамас таму „со или без договор за прекин на огнот“.
Израел и Хамас преговараат за договор за прекин на огнот, како и ослободување на последните заложници од Газа.
Нетанјаху вети дека ќе постигне „тотална победа“ во војната што започна на 7 октомври минатата година кога Хамас изврши напад на територија на Израел, но се соочува со притисок да не започннува офанзива во Рафах.
Израел смета дека тој град е последното големо упориште на Хамас.