Литар евро дизел на пумпите во Србија денеска од 15 часот ќе чини 205 динари, а бензин Еуропремиум БМБ 202 динари, дознава Блиц.
Во однос на минатата недела, цената на дизелот е за 1 динар пониска, а бензините за 4 динари.
Како што објави Блиц, новите цени на горивата поради празникот ќе важат десет дена.