More

    Завршена жестоката правна битка помеѓу БритниСпирс и татко и

    spot_img

    Поп принцезата Бритни Спирс и нејзиниот татко ги решија преостанатите прашања по повеќе од две години жестока правна битка и откако судијата го укина старателството што му даде контрола на Џејмс П. Спирс врз животот на неговата ќерка, познатата поп ѕвезда.

    Бритни Спирс (42) во саботата во судот во Лос Анџелес постигнала милионска спогодба за да ги плати судските трошоци и другите трошоци на нејзиниот 71-годишен татко, кои изнесуваат два милиони долари, објавија американските медиуми. Детали за спогодбата не беа објавени, но адвокатите на двете страни потврдија дека е постигнато.

    Џејмс П. Спирс доби старателство над својата ќерка во 2008 година, откако пејачката доживеа ментален слом поради лични и професионални проблеми. По долга и жестока правна битка, во средината на ноември 2021 година, пејачката доби ослободување од старателството на татко и.

    За време на старателството, Џејмс Спирс имаше голема контрола врз финансиите и личниот и деловниот живот на неговата ќерка. Пејачката тврдеше дека тој период ја злоупотребил таа моќ ѝ ја малтретирал.

    Наводно, спогодбата ќе значи дека тој повеќе не е вклучен во управувањето со имотот на неговата ќерка.

    Бритни Спирс е една од најуспешните пејачки во историјата на музиката, со неколку платинести плочи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img