Гилберт Киплетинг Чумба од Кенија е победникот на овогодишниот Белградски маратон кој се одржа денеска во главниот град на Србија.
Кениецот успеа да ја помине патеката долга 42 километри за 2 часа 11 минути и 47 секунди.
Но, непосредно по поминувањето на целта, тој се сруши на асфалтот, па мораше да интервенира медицинска екипа. Откако му беше укажана помош, Киплетинг на носилки беше однесен на дополнителни испитувања.
Тој не е единствен натпреварувач кој колабираше во текот на трката. Топлото време и силното темпо, како и желбата побрзо да се финишира, влијаеше на тоа некои маратонци да не успеат да дојдат до целта.