Делегација на Достоинство утрово положи букет свежо цвеќе и запали осум свеќи во чест и помен на осумтемина загинати бранители убиени во крвавата заседа кај с.Вејце.
„23 години подоцна. Да не се повтори, да не се заборави! Игор Костески (26) од Скопје, Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Илче Стојановски (24), Кире Костадиновски (24), Бошко Најдовски (24) и Марјан Божиновски (27), сите од Битола. Вечна ви слава, херои македонски!“, пишува лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов.