Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ работи и настапува со полна брзина, а сите сè уште зборуваат за концертот кој пред неколку дена го одржа во Шабац.
Пејачката пред публиката излезе во долг, тесен светкав фустан кој беше украсен со длабок шлиц и деколте.
Тесниот фустан ја истакна нејзината вита линија, додека Цеца неколку часа пееше и танцуваше пред публиката. Сепак, таа на крајот направи нешто поинаку.
По концертот Ражнатовиќ ги соблече високите потпетици, а член на обезбедувањето ја однесе од бината до бекстејџот. Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи, пишува „Мондо.рс“.