Времето в сабота ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја.
Потоа следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за 3 до 5 степени Целзиусови.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните 3 дена ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветар од променлив правец.
Минималните темпеrратури ќе бидат во интервал од 2 до 12 степени, а максималните од 20 до 28 степени Целзиусови.