Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал лесно се пласираше во 2.коло на Мастерс 1000 турнирот во Мадрид.
За нешто повеќе од еден час игра го совлада противникот кој беше 21 година помлад од Дарвин Бланч. Надал го совлада Американецот со 6:1 6:0.
На трибините Надал ја имаше поддршката од синот Рафа Јуниор, кој седна во скутот на мајка си и го гледаше својот татко. Рафа погледна назад во тој момент.
„Би сакал да играм тенис уште некое време за да му дадам сеќавање дека ме гледа. Тоа би било идеално за мене и за моето семејство, но не верувам дека ќе успеам во тоа“, изјави Рафа и продолжи.
„Среќен сум што во текот на мојата кариера имав одличен тим и поддршка од целото мое семејство. Без нив речиси сигурно не би бил таму каде што сум денес“, заклучи емотивниот Надал.