More

    По речиси шест часа разговори, и денеска нема договор меѓу делегациите на Белград и Приштина за користење на динарите на Косово

    spot_img

    По речиси шест часа разговори, и денеска нема договор меѓу делегациите на Белград и Приштина за користење на динарите на Косово, јави Н1. Денеска се разговарало за идеите на ЕУ за решавање на проблемите предизвикани од укинувањето на динарот на Косово.

    Директорот на српската Канцеларија  за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, тврди дека тие ги дале своите коментари за предлогот на ЕУ и дека тие коментари биле оценети како конструктивни, додека приштинскиот преговарач зборувал дека не го интересираат Србите кои сакаат да си заминат од Косово.

    Бесник Бислими вели дека средбата била загрижувачка, бидејќи се испоставило дека Србија сака да ги финансира сите нелегални институции на Косово до формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО).

    Петковиќ рече дека следната рунда од дијалогот ќе се одржи на 13 мај.

    – Разговорите беа тешки и напнати, но беа директни, што е добро. И јас и експертите имавме можност да ги претставиме нашите предлози за идеите на ЕУ и за решавање на проблемот со динарот, бидејќи Курти со таа одлука го загрози опстанокот на српскиот народ. Ова мора под итно да се реши – рече Петковиќ.

    Тој изрази надеж дека ќе има напредок на 13 мај, но рече дека тоа не зависи од Белград.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img