More

    Објавена нова студија: Еве како земањето аспирин делува на еден вид рак

    spot_img

    Аспиринот може да игра улога во превенцијата и лекувањето на колоректалниот карцином, според новото истражување објавено во списанието Cancer.

    Поконкретно, истражувањето откри дека луѓето со колоректален карцином кои земале аспирин имале помалку ширење на болеста во лимфните јазли од оние кои не земале. Аспиринот, исто така, се чини дека му помага на имунолошкиот систем на телото да ги пронајде клетките на ракот.

    Други студии, исто така, покажаа врска помеѓу употребата на аспирин и исходите од рак на дебелото црево, но точниот механизам зад неговиот ефект врз болеста останува нејасен. Експертите тврдат дека новото истражување покажува дека аспиринот може да ја прилагоди функцијата на имунолошкиот систем, така што ќе биде повнимателен на клетките на ракот и подобро да ги елиминира.

    Сепак, остануваат многу прашања за врската помеѓу употребата на аспирин и ракот на дебелото црево, вклучително и кој може да има корист од лекот. Бидејќи малата доза на аспирин предизвикува мала стапка на сериозно крварење, па затоа не се препорачува за секој пациент поради овој ризик.

    За студијата, истражувачите анализирале примероци од ткиво од 238 луѓе кои биле подложени на операција за лекување на рак на дебелото црево од 2015 до 2019 година. Пациентите вклучувале 148 мажи и 90 жени кои во просек биле во раните седумдесетти години. Од тие 238 пациенти, 12 проценти земале ниски дози на аспирин дневно и ниту еден не бил подложен на хемотерапија или зрачење. Се покажа дека нивното ширење е од послаб размер. Затоа, експертите заклучиле дека аспиринот може да му помогне на телото подобро да ги препознае клетките на ракот.

    Но, пред поконкретни заклучоци, потребно е да се спроведат поопсежни студии и да се открие како и на кого може да помогне аспиринот, односно како да се примени за да биде поефикасен.

    Да се ​​надеваме дека до овие заклучоци ќе се дојде што е можно поскоро, бидејќи стапката на рак на дебелото црево е зголемена за два отсто кај лицата помлади од 50 години и затоа ова истражување е исклучително важно. Ракот на дебелото црево се предвидува да убие повеќе од 53.000 луѓе оваа година само во САД. Ова ќе го направи втор најсмртоносен рак во земјата. На прво место е ракот на белите дробови, кој оваа година би можел да биде причина за смрт кај повеќе од 120.000 луѓе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img