More

    Во воздушниот напад убиени се и две деца

    spot_img

    Здравствените власти денеска соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафах во Појасот Газа.

    Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал ​​Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.

    Во централниот дел на Газа во израелско гранатирање загинаа четири лица, а нивните тела се префрлени во локална болница.

    Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.

    Израел речиси секојдневно извршува воздушни напади врз Рафах, дом на повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа, кои побараа засолниште од борбите на друго место.

    Израелските сили ја реализираа својата закана дека ќе ја проширират својата копнена офанзива против милитантната група Хамас до египетскиот пограничен град и покрај повиците за воздржаност, вклучително и од САД.

    Војната меѓу Израел и Хамас изби по нападот на палестинската милитантна група врз јужен Израел на 7 октомври минатата година, при што загинаа околу 1.200 луѓе, главно цивили, а беа киднапирани уште 250.

    Повеќе од 34.000 Палестинци се убиени во војната меѓу Израел и Хамас, според Министерството за здравство на Газа.

    Во извештајот, Министерството не прави разлика меѓу цивили и борци, но се истакнува дека околу две третини од убиените се жени и деца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img