Кандидатот за претседател од редовите на ДУИ, Бујар Османи, е во благо водство пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, додека, пак, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова е осамена на врвот со разлика од најмалку 60.000 гласови во однос на второрангираниот кандидат.
Ова го покажуваат првичните резултати на Државната изборна комисија (ДИК) по обработени 42% гласови на граѓаните.
Силајновска Давкова е на врвот со освоени над 144.000 гласови, на второто и на третото место се Бујар Османи и Стево Пендаровски со освоени над 70.000 гласови.
Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 13,26 %, Максим Димитриевски од ЗНАМ – 7,39 %, Билјана Ванковска поддржана од Левица има 4,18 %и Стевчо Јакимовски од ГРОМ – 0,91 проценти.
Гласачките места беа отворени од 7:00 до 19:00 часот. Право на глас имаа 1.814.317 граѓани лица запишани во избирачки список. Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат за еден од седумтемина кандидати.
ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.
Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.
За претседател ќе биде избран кандидатот кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани избирачи, односно 907.159 гласови. Ако никој не го добие потребното мнозинство, ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови.
Право на глас на денешните избори имаа 1.814.317 граѓани лица запишани во избирачки список. Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат за еден од седумтемина кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска, Арбен Таравари и Максим Димитревски.
Одѕивот на претседателските избори до 18 часот изнесуваше 47,61отсто, и е поголем од последните избори за шеф на државата во 2019 година кога до 19 часот на гласање излегоа вкупно 41,67 отсто од запишаните избирачи.
Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност. За претседател ќе биде избран кандидатот кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани избирачи, односно 907.159 гласови. Ако никој не го добие потребното мнозинство, ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови.
Ова се седми непосредни избори за претседател од независноста на државата. Претходните беа одржани во 1994, 1999, 2004, 2009, 2014 и во 2019 година.