Момче (12) утрово е тешко повредено во близина на ресторан во белградската населба Вождовац, кога било нападнато од куче, пренесува Блиц.
Момчето е тешко повредено и со брза помош е пренесено во Заводот за мајка и дете во Белград. Според неофицијални информации, кучето му го одгризало прстот.