More

    Расте бројот со заболени од Овчи сипаници во Македонија

    spot_img

    Во текот на март пријавени сe вкупно 1.431 заболени од акутни заразни заболувања што е зголемување за 27 проценти во однос на февруари. Најчесто акутно заболување биел овчите сипаници, а регистрирани се и случаи на заушки и шуга, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

    „Во текот на март, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 825 пријавени лица. Тие во вкупниот број заболени во месецот учествуваат со 57,7 отсто, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 58,5 проценти. Во однос на претходниот месец февруари, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 24,8 отсто, додека во однос на месец март 2023, се регистрира намалување за 9,4 проценти“, наведува ИЈЗ.

    На второ место по бројот на пријавени заболени во март е големата кашлица.

    Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции – без ХИВ/СИДА, регистрирани се 19 заболени лица. Пријавени се девет случаи на сифилис, шест случаи на вирусен хепатитис Б, три случаи на вирусен хепатит Ц и еден случај на инфекција со хламидија.

    Пријавени се четири случаи потврдени на ХИВ и два на СИДА во текот на март. Од машки пол се пет лица и еден од женски пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 44 години.

    – Регистрирани се и шест случаи на вирусен хепатитис Б и три случаи на пневмококна инфекција со дијагноза на пневмококен менингитис, кои според возраста не подлежат на имунизација согласно Kалендарот за задолжителна имунизација во РСМ и не се вакцинирани против овие болести. Дијагнозата е потврдена лабораториски, пишува во извештајот на ИЈЗ.

    Пријавени се и два случаи на заразни заушки и тоа кај лице над 60 години, невакцинирано и кај дете во возрасна група од 5 до 9 години, вакцинирано.

    Во текот на март регистрирани се и случаи на шуга кај странски државјанин од Турција и инфективна мононуклеоза кај странски државјанин од Косово.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img