More

    Соборен израелски дрон на либанска територија

    spot_img

    Израелско беспилотно летало се урна во Либан откако беше погодено со проектил, соопшти израелската војска, додека либанското движење Хезболах тврди дека го соборило.

    „Ракета земја-воздух беше лансирана кон беспилотно летало на израелските воздухопловни сили, кое оперира во либанскиот воздушен простор“, соопшти армијата, додавајќи дека дронот бил погоден и паднал на територијата на Либан.

    Хезболах, од своја страна, објави дека соборил израелско беспилотно летало Хермес 450 кое летало над јужниот дел на Либан, во регионот Ал-Аишиа.

    Проиранската исламистичка група прецизираше дека го соборила дронот „за поддршка на палестинскиот народ“.

    Од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Појасот Газа на 7 октомври, секојдневно има размена на оган меѓу израелската армија и Хезболах, кој тврди дека го поддржува палестинското исламистичко движење.

    Проиранскиот Хезболах, кој има арсенал од ракети и прецизни ракети, цели на израелските воени позиции и локалитети во близина на границата, а Израел реагира со бомбардирање цели на либанска територија, претежно на југ, вклучително и целни напади врз претставници на Хезболах и Хамас.
    Soboren izraelski dron na libanska teritorija

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img