More

    Продолжува кампањата за претседателските и парламентарните избори

    spot_img

    Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ на средби со граѓаните во неколку скопски општини, СДСМ, Коалицијата за европска иднина и Стево Пендаровски на собир пред зградата на ЕУ во Скопје, ДУИ и Европскиот фронт ќе го запоседнат Плоштадот Македонија со голем предизборен митинг, а Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе има прес пред Универзитетската библиотека „Климент Охридски“.

    Продолжуваат кампањите за претстојните претседателски и парламентарни избори, каде претседателските кандидати и кандидатите за пратеници во шесте изборни единици ги претставуваат нивните програми пред граѓаните низ државата, денеска со концентрација во главниот град.

    Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи в среда, на 24 април, додека пак, вториот круг предвидено е да се одржи на 8 мај, заедно со парламентарните избори.

    Скопските општини Сарај, Чаир, Аеродром, Гази Баба се четирите локации каде денеска со граѓаните ќе се сретнат Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата Христијан Мицкоски, како и носителите на листи и кандидати за пратеници.
    СДСМ, Коалицијата за европска иднина и кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска ќе одржат централен граѓански митинг пред зградата на ЕУ во Скопје, на кој ќе се обратат претседателот на ПЕС Стефан Левен, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, како и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Предвидено е куси обраќања да имаат и носителите како и коносителите на изборните листи на СДСМ и Коалицијата.

    Коалицијата предводена од ДУИ „Европски фронт“денеска ќе одржи главен митинг на Плоштадот Македонија во Скопје, додека пак, албанската опозициска коалиција „Вреди“ ќе одржи митинг на плоштадот во Гостивар.

    Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе одржи прес-конференција пред Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, на која ќе се обрати носителот на листа во Изборната единица 1, Бобан Карапејовски.

    Во Струга, својата програма пред граѓаните денеска ќе ја презентира и Работничката партија. Претставниците од оваа партија ќе имаат средба со граѓаните пред струшкиот Соборен храм „Св. Ѓорѓи

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img