Во центарот на Белград има жестока пресметка меѓу навивачките групи Делиите и Гробарите пред вечното дерби меѓу Црвена Звезда – Партизан, јавуваат српските медиуми.
Навивачите се судриле во ценарот на Белград. Во тепачката учествувале повеќе од 300 навивачи, а биле употребувани камења, цигли, палки, пиротехника.
Полицијата брзо реагирала, но има повредени и меѓу навивачите и полицајците. Уапсени се повеќе од 50 навивачи.