Пејачката Мандиса, која се натпреваруваше во петтата сезона на американскиот „Идол“, а подоцна освои и награда Греми, почина на 47-годишна возраст.
Мандиса се натпреваруваше во петтата сезона на американскиот „Идол“ каде влезе во најтесниот круг и го освои деветтото место.
По натпреварот, таа продолжи да гради успешна музичка кариера.
Мандиса се сврте кон духовната музика, со која се занимаваше последните години, а веста за нејзината смрт ја потврди и христијанската радиостаница К-Лав.
Причината за смртта засега не е позната.
„Дури и повеќе од својата музика, пејачката која продаде милион копии од своите песни засекогаш ќе биде позната по своето огромно срце и искреност“, рекле радио по веста за смртта на Мандиса.