Заедно со серијата фотографии на јахтата, Салма Хајек додала и хумористичен коментар: „Она кога семејството не дозволува да се фотографирате во бикини на мир“. На сликите се гледа дека некој ја прска актерката со вода, а нејзините пози се делумно спонтани.
Оваа објава за само еден ден собра над милион лајкови и море од комплименти во име на атрактивната црнка, што ја направи уште попривлечна.
Задоволство е да се види жена која се сака и се прифаќа себеси
„Дури и слеп човек би те фотографирал фантастично во бикини, изгледаш толку добро“, „Неверојатна си“, „Никогаш не престанувај да објавуваш вакви фотографии“, „Ти си жив оган“, „Јас сум без зборови“, „Совршена жена“, „Ги гледам твоите стари фотографии и ти си жената која најдобро старее на светот“, се само дел од коментарите.
Да потсетиме, пред три години холивудската ѕвезда истакна дека верува дека на сите им се здосадиле нејзините разголени фотографии, но дека не сака да престане.
„Мило ми е што објавив многу фотографии, не се срамам затоа што тоа беше првата недела од одморот“, рече таа минатата година, додавајќи дека сите што ја гледале веројатно им било мака, но дека тоа е ослободително за неа лично.
„Ќе им дадам одмор. Ќе мислат дека носам бикини секој ден”, додала на шега таа.
Но, и после тоа не го намалила интензитетот на објавување фотографии во бикини; всушност такви најчесто објавува на социјалните мрежи.
Селма очигледно ужива во себе и во своето тело и задоволство е да се види жена која се сака и се прифаќа себеси!
Да потсетиме, обожавателите на Селма често ја обвинуваат дека хируршки ги зголемила градите, а сето тоа поради фактот што тие се видно поголеми отколку на почетокот на нејзината кариера. Актерката постојано ги негираше ваквите наводи, па дури и објасни зошто нејзиното деколте е поголемо денес.
„Многу луѓе тврдат дека имав операција за зголемување на градите. Не ги обвинувам. Градите ми беа навистина помали. Како и остатокот од моето тело“, рече Салма во емисијата „Red Table Talk“ на нејзината колешка Џејда Пинкет Смит. Објаснила и дека градите ѝ пораснале поради менопаузата, бременоста, но и поради флуктуациите на тежината.
– Градите на некои жени се намалуваат. Но, има некои жени кои кога ќе се здебелат – нивните гради растат, а други растат додека дојат и никогаш не се враќаат во нормала. Исто така, во некои случаи градите растат дури и кога сте во менопауза. Случајно излезе дека сум една од оние жени на кои ми се случило ова кога забременив и влегов во менопауза, тие само продолжија да стануваат се поголеми и поголеми поради тоа. Луѓето не зборуваат за тоа, но јас ќе ви кажам. Градите растат, и тоа многу – додаде таа.