More

    Унгарскиот премиер бара смена на владејачките партии во Европскиот парламент

    spot_img

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан, главниот говорник за време на вчерашната програма на Конференцијата на националните конзервативци „Натком 2024“, ги повика гласачите од тој собир да ги отфрлат водечките политички партии на јунските избори за Европскиот парламент. Изјвата на унгарскиот премиер може да предизвика тектонски потреси во Европската унија пред јунските избори.

    Анкетите покажуваат дека водечките партии ќе ја задржат власта во Европскиот парламент и по изборите планирани за 6-9 јуни, но со намалено мнозинство.

    Орбан, кој е на власт во Унгарија од 2010 година и е во конфликт со Европската комисија поради падот на демократијата во неговата земја, оцени дека „промената на раководството“ е клучна на тие избори.

    Тој оцени дека европската „мигрантска криза“ е „поголема од кога било досега“, ја нападна климатската и заедничката земјоделска политика на ЕУ, оценувајќи дека Унијата ги турнала земјоделците во големи проблеми.

    Орбан рече дека санкциите на Европската унија против Русија поради инвазијата на Украина не дадоа резултати и истакна дека најголемиот страв на Унгарија е повторно да ја дели границата со Русија. Сепак, додаде тој, на Украина, која е меѓу Унгарија и Русија, не треба да и се дозволи да стане членка ниту на ЕУ, ниту на НАТО.
    – Момци, мора да разберете дека сте земја во тампон зона. Не можете да го промените бројот на вашата куќа – им порачал Орбан на властите во Киев, додавјќи дека „Украина сега е само обичен протекторат“ кој се потпира на западните пари и оружје и „повеќе не е суверена земја“.

    Сепак, лидерите на ЕУ и НАТО инсистираат дека војната во Украина е егзистенцијално прашање за Европа и дека не смее да се дозволи рускиот претседател Владимир Путин да ја добие војната.

    Украина поднесе барање за членство во двете организации, но тешко дека ќе биде прифатено се додека војната продолжува на нејзина територија. Унгарија рутински ги блокира обидите на ЕУ да одржи разговори на високо ниво со Киев и заедничко финансирање на украинската економија. Така, владата во Будимпешта стои сама против своите западни партнери.

    Kонференцијата на националните конзервативци „Натком 2024“ продолжи во Брисел, откако судот ја укина одлуката на локалните власти за нејзино откажување.

    „Натком 2024“ собра 200 припадници на екстремната десница од целиот свет. Во вторникот зборуваше Најџел Фараж, еден од најодговорните за излезот на Велика Британија од Европската унија, како и поранешната британска министерка за внатрешни работи Суела Браверман, која во својот говор го нападна Европскиот суд за човекови права.
    Во вторникот полицијата ја спречи работата на собирот бидејќи локалните власти стравуваа за јавниот ред и мир откако антифашистички демонстранти на други две места го спречија одржувањето на „Наткон 2024“. Белгискиот премиер Александар де Кроа ја осуди полициската процедура како неуставна, а критики стигнаа и од британскиот премиер Риши Сунак. На иницијатива на организаторите на „Наткона 2024“ судот денеска сепак одобри продолжување на конференцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img