More

    Годинава се планира производство на тутун од 26.000 тони колку што беа планирани и лани

    spot_img

    Годинава се планира производство на тутун од 26.000 тони колку што беа планирани и лани. До крaјот на март тутунарите  за овие планираните количини склучија вкупно 29.000 договори со откупните компании, што укажува дека не е намален интересот за ова производство. Тутунопроизводителите, меѓутоа се незадоволни од откупните цени.

    Од Државниот инспекторат за земјоделство  очекуваат дека расадувањето на новото производство на тутун  да почне за 15 дена, но не можат да кажат какви приноси се очекуваат.

    -Производителите од земјава со откупните компании до 31 март склучија преку 29 000 договори за производство на околу 26 000 тони тутун. Планирањата се на минатогодишното ниво и рано е да се каже колку и како временските прилики ќе влијаат на родот. Лани, за жал, планираното производство речиси беше преполовено и се откупија околу 15 000 тони тутун – вели Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат.

    Ниту од Сојузот на земјоделските здруженија не може да прогнозираат како ќе тече новото тутунопроизводство. Единствено што тутунарите бараат е исплатлива цена која ќе го оправда и ќе го направи исплатливо производството на оваа стратешка култура.

    Со договорите за новото производство откупните компании ги понудија истите цени од што тутунопроизводителите не се задоволни и сметаат дека постојниот Закон за тутун за нив е дискриминирачки и ги става во подредена положба при договорањето со откупните претпријатија.

    Инаку, тутунот од ланската реколта се откупи по просечна цена од 365 денари за килограм.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img