More

    Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

    spot_img

    Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли неодамна воодушеви со своето појавување на премиерата на бродвејската претстава „The Outsiders“, а пластичен хирург сега ги анализираше фотографиите и откри какви зафати направила на себе.

    Тој наведе дека се прашувал како таа на 48 години изгледа како што изгледала пред 10 години.

    „Многумина коментираа дека оваа жена не остарела ниту еден ден и јас би се согласил со тоа. Според златниот пресек, таа има едно од најсиметричните лица. Деловите на нејзиното лице генерално се пропорционални. Има дефинирани јаболчници, рамен нос кој на врвот е подигнат, полни и обликувани усни, нагласена вилица“, навел, меѓу другото, тој.

    Додаде дека таа го добила овој восхитувачки изглед со затегнување на лицето и вратот. Ги споредил нејзините фотографии направени во 2014 година и минатата недела. Покажа дека на нејзиното уво се видливи знаци на пластичната операција. Рскавицата е намалена, а обликот на трагусот е поинаков во споредба со порано.

    „Работата е направена до совршенство. Мислам дека не може да изгледа подобро“, рекол тој.

    Потсетуваме, на споменатата претстава Анџелина работеше со ќерката Вивиен Џоли-Пит, која беше волонтерска асистентка.

    „Таа е многу сериозна во врска со работата во театарот и напорно работи за да придонесе за шоуто“, изјави претходно Анџелина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img