Израел бара санкции за иранската ракетна програма

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Израелскиот министерот за надворешни работи, Израел Кац денеска изјави дека ги повикува земјите да воведат санкции за ранската ракетна програма и да ја назначат нејзината Револуционерна гарда како терористичка организација по првиот директен напад на Иран врз Израел.

„Покрај воениот одговор на лансирањето проектили и беспилотни летала, водиме и дипломатски напад врз Иран“ – вели Кац во објава на социјалните мрежи.

Кац додаде дека испратил писма до 32 земји и разговарал со многу колеги, барајќи од нив „да воведат санкции за ракетната програма на Иран и да ја прогласат Револуционерната гарда за терористичка организација како начин да се запре и ослабне Иран“.

„Мораме да го запреме Иран сега, пред да биде предоцна“ – истакнува Кац во објавата.

Израел соопшти дека ќе одговори на иранскиот ракетен и напад со беспилотни летала во текот на викендот, и покрај повиците од сојузниците за воздржаност за да се избегне ескалација на блискоисточниот конфликт.

Групата од седум индустриски најразвиени земји, Г7, веќе работи на пакет координирани мерки против Иран, објави британскиот премиер Риши Сунак.

Share This Article