Американскиот претседател Џо Бајден ја објави својата даночна пријава и продолжи тредицијата на отчетност што ја прекина неговиот претходни Доналд Трамп. Практиката не е задолжителна, но нејзината цел е да ја зајакне довербата на граѓаните во политичките лидери. Даночните пријави ги објавуваат и кандидатите кои учествуваат на локалните и националните избори.
Според нивните даночни пријави, Џо и Џил Бајден заработиле 619.976 долари во 2023 година, од кои повеќето потекнуваат од годишната плата на претседателот од 400.000 долари и годишната плата од 85.985 долари на неговата сопруга Џил Бајден, која работи како учителка во државата Вирџинија.
Претседателот на САД и првата дама минатата година заработија повеќе пари отколку во 2022 година (580.000 долари) и во 2021 година (610.000 долари).
„Претседателот Бајден верува дека сите претседатели треба да бидат отворени и искрени со американскиот народ“ – се вели во соопштението на Белата куќа.
Поранешниот претседател Доналд Трамп не ги објави своите даночни пријави во периодот на неговата администрација од 2017 до 2021 година.