More

    Османи објасни каде треба да се обратат сите кои се засегнати таму

    spot_img

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека само еден македонски државјанин побарал да биде евакуиран од Израел по повикот упатен до наши државјани кои во моментов се наоѓаат во таа земја и поширокиот регион на Блискиот исток по нападот од саботата на Иран врз Израел.

    – До сега се пријавил еден наш граѓанин во Амбасадата во Израел којшто бара да се евакуира веднаш поради состојбата. Веднаш му е даден патен лист за да може да ја напушти државата, а исто така од една компанија се јавија на СОС телефонот овде во Скопје за четворица вработени кои се во Израел да ги имаме предвид во случај да се влоши состојбата и да имаат и контактни броеви каде да ги контактираме за да може да ги извлечеме – вели Османи.

    Тој оценува дека ситуацијата на Блискиот исток е делумно стабилна и се придружи на повиците до Израел да не возврати на нападот на Иран за како што вели, да се спречи влошување на состојбите и спиралата на конфликти.

    – По однос на ситуацијата во Блискиот исток денеска имав разговори со повеќето амбасадори во тој регион, меѓутоа и амбасадорот во НАТО и други партнерски земји. Во моментот состојбата е делумно стабилизирана. Училиштата во Израел се пуштени во функција, воениот кабинет се уште нема одлука дали ќе возврати. Јас еве ја користам оваа прилика до Израел да не донесе одлука бидејќи спиралата на конфликти тогаш само ќе се влоши – вели Османи.

    На новинарско прашање како од околу 50 македонски државјани за кои се смета дека се во Израел, само еден се пријавил на повикот за извлекување, Османи вели дека тоа се должи на делумното стабилизирање на ситуацијата. Тој дал насока до нашиот амбасадор во Израел неговите деца да ја напуштат земјата, но откако утринава разговарал уште еднаш со него и со оглед дека училиштата повторно биле отворени, а состојбата е во моментот стабилна, сепак решиле тие да останат и да ја следат состојбата. Од Иран, посочи тој, нема барање од наши државјан, а во однос на студентите од Јордан кои сакале да се вратат во земјава, во моментот вели, нема некој притисок или барање од други држави на Блискиот Исток за евакуација, бидејќи вели ситуацијата е во скатус кво.

    – Во секој случај ние сме спремни да се организираме веднаш. Ние имаме постојано дежурство коешто одговара на повиците на граѓаните – рече министерот Османи.

    Тој кажа дека Кризниот штаб нема конкретна бројка на македонски државјани кои се наоѓаат во околните земји, а единствениот начин да се дојде до тоа е преку нивно пријавување во нашите амбасади.

    – Единствениот начин ние да имаме податоци, е граѓаните коишто ќе се пријават и ќе се јават во амбасадите за да кажат ние сме тука, планирајте не, ако состојбата излезе од контрола. И јас еве иако денеска е стабилна состојбата во Израел и на Блискиот Исток, сепак им препорачувам, пријавете се во Амбасада, нека ве има во списокот, дајте телефонски броеви. Утре ако се влоши ќе знаеме како да ве контактираме. Тоа е најдобриот начин да направиме јасен список за тие што се надвор – вели Османи.

    По нападите од саботата на Иран врз Израел во МНР е формиран Кризен штаб чија примарна задача е да организира извлекување на македонските државјани од Израел и од поширокиот Блиски Исток доколку за тоа има потреба. Покрај Амбасадата во Тел Авив на граѓаните на располагање им стојат и амбасадите во Каиро, Абу Даби и Катар.

    Сите државјани кои се наоѓаат во посочениот регион можат да стапат во комуникација со нашата Амбасада во Тел Авив на дежурниот телефон 972 549 267 378 како и СОС дежурните телефони на МНР 075 273 732 и 075 268 376 со цел подготовки за евентуална евакуација. Извлекувањето ќе зависи од динамиката на состојбите во наредните часови и денови како и од отворениот аеродором во Тел Авив кој повторно е ставен во функција, но, работи со ограничен капацитет. Алтернативна рута е копнен пат преку Јордан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img