Пендаровски да каже дали го прифаќа условот на ДУИ за поддршка во вториот круг, претседателот на државата да се бира во Собранието, побара денеска ВМРО-ДПМНЕ откако вчера за ТВ Сител Артан Груби од ДУИ изјави дека неговата партија ќе ги даде гласовите во вториот круг за онаа партија која ќе прифати претседателот на државата во иднина да се бира во Собрание
„Артан Груби го испорача условот на ДУИ, тој кажа дека услов за коалиција и поддршка во втор круг е ДУИ да добие ветување за избор на претседателот на државата во Собранието од наредните избори. Стево Пендаровски како слуга, поддржувач и човек што се восхитува на Али Ахмети да каже дали за него е прифатлив овој услов за поддршка во вториот круг.
Пендаровски и СДСМ јасно да кажат дали ќе прифатат претседател на државата да се бира во Собранието, наместо директно од народот? Наместо да бега од одговори, очекуваме јасен став од Пендаровски, колку и тоа да е тешко за него. Едноставно е: ќе го прифати или не условот на Артан Груби и ДУИ претседател на државата да се бира во Собранието?“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.