More

    Мештаните од Злот се спремни да ја земат правдата во свои раце

    spot_img

    Жителите на село Злот, од каде што е Дејан Драгијевиќ (50), осомничениот за убиство на малата Данка, велат „дека се огорчени од соседот кој направил таков монструозен чин“, објави српскиот портал Мондо.

    Мештаните наводно го виделе Дејан Драгијевиќ по 26 март како пие пиво пред локална продавница. Ниеден момент не можеле да забележат дека нешто сокрил и дека направил нешто толку лошо.

    – Мештаните се револтирани, верувајте, сега да го пуштат на слобода, ние ќе му пресудиме! Еве, јас сум постар човек и кога ќе помислам дека некој е спремен да да го убие тоа мало пиле, јас ќе му пресудам. Внимателно ги следам вестите и на секоја нова информација се ежам – вели сосед на осомничениот Драгијевиќ.

    Дејан пиеше со мештаните секој ден пред продавница, тоа го правеше и брат му. Тој не се однесуваше поинаку од 26 март кога го уби тоа дете, никој не можеше ни да претпостави дека е толкаво чудовиште, додава соседот.

    – Нашето село Злот е многу непристапно, буквално е прашање дали стапнала човечка нога на некои места. Имаме многу скриени места каде што никој од нас не оди, нема што да бараме таму. Јас имам земја што ја наследив од дедо ми, верувајте, никогаш не сум бил, постојано размислувам што ќе ми излезе ако отидам таму. Времето минува, а сигурно е полошо за телото на тоа дете, којзнае дали ја закопале некаде или е оставена на ледина, а има многу диви животни во околината – вели мештанин.

    Покрај Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, за кривично дело „тешко убиство“ е осомничен и таткото на Дејан, Радослав (73), кому му е одреден притвор до 30 дена поради сомнеж дека му помогнал на синот да го премести телото на засега напозната локација.

    На 6 април беше уапсен и помладиот брат на Дејан, Далибор (40), поради сомнение дека му помагал на Дејан, но тој почина само ден подоцна во просториите на полициската станица Бор.

    Далибор Драгијевиќ им признал на инспекторите дека му помогнал на својот брат да го премести телото и дал 20 локации, на кои подоцна со детален претрес било откриено дека нема траги од Данка Илиќ. Далибор беше погребан на руралните Нови гробишта во Злот во четвртокот.

    Сега се проверуваат сите шахти, активни или неактивни резервоари и природни и вештачки системи за наводнување бидејќи осомничените за убиството работеле во ЈКП „Водовод“, па добро ги познаваат овие системи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img