Цане Србиновски раскажува како го преживеал опасниот напад кај велешко Оморани

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, се сретна и разговараше со повредениот Цане Србиновски, 61-годишник, жител на село Дреновци во Општина Долнени, кој претрпе опасен напад од мечка на планината Мукос, на месноста „Сеча“, во поширокиот атар на селото Оморани на територија на Општина Чашка.

Србиновски беше нападнат во неделата, а по два дена беше пронајден од неговите синови на местото каде што ги чувал кравите и каде што престојувал во импровизиран објект бил пренесен во болница во Велес.

По укажаната медицинска помош и давање соодветни медикаменти, тој беше пуштен на домашно лекување.

Пред Ангелов, Србиновски детално раскажа како го нападнала мечката, како се чувствувал и какви повреди добил.

– Мечката одеднаш се појави пред мене и ме фати за ногата. Не ја видов колкава беше, но јас паднав веднаш на грб. Јас бев под неа, но не знам како се извлеков и со десната нога ја удрив по муцката и таа ме пушти. Повторно ме фати за левата нога, јас пак ја удрив, таа сакаше да грабне за и за десната нога. Едно време ми даде Господ сила и ја грабнав за уши кога сакаше за стомак да ме касне. Зедов сила и ја турнав настрана и веднаш станав, а кога дојдов до колибата нозете ми се укочија. Немаше никој во неделата, а децата ме најдоа дури во понеделникот – раскажува Цане.

Share This Article