Фолксваген инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германската автомобилска групација Фолксваген најави дека ќе инвестира 2,5 милијарди евра во проширување на производствениот и иновативен центар во кинескиот град Хефеи.

Центарот во Хефеи ќе и помогне на компанијата да донесе технологии на кинескиот пазар за 30 отсто побрзо и да произведува целосно електрични возила, изјави членот на управниот одбор на Volkswagen Group China, Ралф Брандштатер.

VW се подготвува да произведе во Кина два модели на марката Volkswagen што ги развива во соработка со кинескиот партнер XPENG, објавија во четвртокот, додавајќи дека производството треба да започне во 2026 година.

На крајот на 2022 година, Volkswagen ја загуби „титулата“ на најпродавана марка на автомобили во Кина, која беше узурпирана од домашниот производител на електрични возила BYD. Германската компанија најави серија нови модели во електрификацијата на своето кинеско портфолио за да го врати изгубениот удел на најголемиот светски автомобилски пазар.

Share This Article