Американската пејачка Оливија Родриго добила удар во глава со букет цвеќе од обожавател на нејзината светска турнеја „GUTS“, којашто започна во февруари.
Сега веќе виралното видео покажува како пејачката ги поздравува возбудените обожаватели во салата, пишува „Базфид“.
Во еден момент, еден од посетителите на концертот се обидел да ѝ подаде букет, но таа не го забележала, па букетот бил фрлен кон Родриго. Букетот ја погодил пејачката во задниот дел од главата, поради што таа се оттргнала и истрчала да ги поздрави другите обожаватели.
Фановите ваквото однесување го нарекоа непристојно и неприфатливо бидејќи можел да ја повреди Родриго.
„Ова е многу безобразно. Можеше да ја повреди…“, „Нема веќе концертна етика“, се дел од коментарите на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер.