Веќе е добро познато дека реалити ѕвездата Ким Кардашијан (43) не се плаши од естетската хирургија, но и дека често фотографиите ги фотошопира за да изгледа што подобро пред своите обожаватели.
На големо изненадување на многумина, Ким сега, на својот профил на Инстаграм, сподели фотографии од одморот на островот Туркс и Каикос, а на фотографиите, на кои носи минијатурно бикини, како што многумина во коментарите истакнаа, ѕирка и малку целулит.
– Ми се допаѓа колку природно изгледаш овде. Мило ми е што не го избриша целулитот – гласел еден од коментарите.
Сепак, многумина и понатаму ја критикуваат Ким за операциите на кои се подложила, а некои истакнале дека нејзините нозе изгледаат непропорционално поради подигнувањето на задникот.
– Нема ли таа пластика да се растопи на сонце? – ја прашала обожавателка.
Да потсетиме, Ким и нејзините сестри Клои и Кајли веќе извесно време одмораат на егзотичен остров, а неодамна и Клои беше мета на критики за прекумерна употреба на фотошоп.