More

    Матичарите штрајкуваат -Бараат линерано покачување на платите и унапредување

    spot_img

    Управата за водење на матични книги од утрово е недостапна за граѓаните. Генералниот штрајк кој вчера беше најавен од страна на Независниот синдикат на Управата за матични книги, започна денеска околу 8 часот.

    Претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги, Тони Милошески за МИА изјави дека сите подрачни одделенија се во штрајк и дека уште не добиле понуда за средба.

    – Сите подрачни единици се во штрајк, може да има некои исклучоци, мислам дека Куманово, некои од волонтерите работат, но сигурно под притисок од управата, значи 90 проценти од Управата е во штрајк – појасни Милошески.
    Додаде дека засега луѓето кои доаѓаат имаат разбирање за штрајкот.

    – Знаат луѓето дека штрајкуваме, не се бунат, а им треба да завршаат работа, има некои луѓе што треба да патуваат, но не можат да излезат од од државата без документите кои ние треба да им ги дадеме – потенцира Милошески.

    Рече дека излегувањето на улица не е опција, но дека ќе штрајкуваат се додека не се одговори на нивните барања.

    Независниот синдикат бара колективен договор на ниво на работодавач, линерано покачување на платите и унапредување на работните позиции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img