Пентагон ги осуди украинските напади на руските рафинерии

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украинските напади врз рафинериите во Русија можат да влијаат негативно на светските енергетски пазари затоа Киев треба да селектира други цели, изјави синоќа шефот на Пентагон, Лојд Остин.

– Тие напади можат да направат домино ефект во глобалната ситуација со енергетиката. И, чесно говорејќи, мислам дека за Украина е подобро да нанесува удари по тактички и оперативни цели кои директно можат да влијаат на тековните воени дејства – изјави Остин синоќа на сослушување пред сенатската Комисија за вооружени сили.

Тим Котон, сенаторот републканец коментираше на ова дека позицијата на Остин доаѓа од чисто политички причини.

– Ми се чини дека администрацијата на Бајден не сака цените на гасот и нафтата да растат во изборна година – изјави Котон.

Вашингтон досега повеќекратно го повика Киев да запре со нападите на енергетската инфраструктура на Русија.

Украина од почетокот на годината започна кампања со напади со беспилотни летала врз главните складишта со гас и рафинерии во Русија. Последниот напад се случи минатата недел врз една од најголемите рафинерии во земјата лоцирана во Татарстан и одалечена повеќе од 1.300 километри од боиштето во Украина.

Нападите нанесоа сериозна штета врз рафинерските постројки и прозводството на горива во Русија. Според некои западни медиуми, прозводството на бензин во март се намалило за 10%, додека производството на дизел за 4%. Аналитичарите предвидуваат дека внатрешниот пазар на земјата во мај може да се судри со недостаток од бензин.

Share This Article