More

    Облак со прашина стигна од Сахара до делови од Европа, предизвикувајќи лош квалитет на воздухот и покривајќи ги прозорците и автомобилите со нечистотија

    spot_img

    Облак со прашина стигна од Сахара до делови од Европа, предизвикувајќи лош квалитет на воздухот и покривајќи ги прозорците и автомобилите со нечистотија, објави Службата за следење на атмосферата Коперникус.

    Службата соопшти дека најновиот облак, трет од ваков вид во последниве недели, носи магла во јужна Европа и ќе се прошири на север до Скандинавија.

    Марк Парингтон, виш експерт во Коперникус, рече дека најновиот настан е поврзан со временскиот модел што донесе потопло време во делови од Европа во последните денови.

    – Иако не е невообичаено облаците од сахарска прашина да стигнат до Европа, во последните години има зголемување на интензитетот и зачестеноста на ваквите епизоди, што потенцијално може да се припише на промените во примероците на атмосферската циркулација – рече Парингтон.

    „Оваа последна епизода предизвика влошување на квалитетот на воздухот во неколку земји“, соопштено е од Коперникус.

    Безбедносниот праг на Европската унија за концентрации на ПМ10, покрупни честички како песок и прашина кои можат да ги иритираат носот и грлото, веќе е надминат на некои локации.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img