Српската влада воведе привремена забрана за увоз на дрвени пелети со цел заштита на животот и здравјето на растенијата и животните, се вели во одлуката.
Ограничувањето на увозот се воведува за период од 90 дена.
Како што објавија српските медиуми ограничувањето на увозот е донесено на барање на производителите на пелети во Србија.
Од 6 големи фабрики за производство на пелети, само една фабрика работела од почетокот на годинава, додека другите фабрики или не работеле или работеле со прекини.