More

    Германија распореди воени сили во Литванија

    spot_img

    Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска го опиша почетокот на распоредувањето на германската бригада во Литванија како клучен чекор за подобрување на способностите за распоредување на силите на НАТО и „важен ден за Бундесверот“.

    – Ова е првпат трајно да стационираме таква единица надвор од Германија – рече Писториус во Берлин на церемонијата на испраќање на првите германски војници во Литванија.
    Литванскиот министер за одбрана Лауринас Кашчиунас, кој ја презеде функцијата минатиот месец, ги поздрави германските војници по нивното пристигнување на аеродромот во Вилнус.

    Кашјунас рече дека ова распоредување е „многу важно“ за Литванија и дека е „доказ за германската доверливост“. Тој, исто така, ги увери војниците дека литванската влада ќе направи сè што е во нејзина моќ навреме да ја изгради потребната инфраструктура.

     

    Персоналот испратен во Литванија треба да постави основа за распоредување на стотици, можеби дури и илјадници војници во оваа земја членка на НАТО која граничи со Полска, како и со Белорусија и руската ексклава Калининград.
    Германскиот министер за одбрана при испраќањето на првите војници истакна дека треба уште многу да се направи за да се обезбеди потребната инфраструктура, додавајќи дека Германија и Литванија ќе направат сè што е потребно во таа насока.

    Војната во Украина ги поттикна плановите на НАТО да го зајакне своето источно крило.

    Бригадата, која ќе се вика Панцербригада 45, треба да биде целосно оперативна до 2027 година, а ќе се состои од постојано присуство од околу 4.800 војници и околу 200 цивилни припадници на германските вооружени сили и нивните семејства.

    Прелиминарната команда треба да брои околу 150 мажи и жени до четвртиот квартал од 2024 година.

    Главното место на распоредување на бригадата ќе биде воениот полигон Руднинкаи, недалеку од границата со Белорусија. Според литванските информации, таму ќе бидат стационирани околу 80% од војниците, а останатите ќе бидат лоцирани во Рукла, во централна Литванија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img