Обвинетите за терористичкиот напад во Москва го открија името на човекот кој ја водел операцијата и им ветил пари. Руската Федерална служба за безбедност објави снимка од еден од обвинетите кое се прикажуваше на руската државна телевизија.
Според зборовите на обвинетиот, човек по има Сајфуло ги контактирал и им ветил околу милион рубљи, што е околу 10.000 евра, пренесува Тасс.
– Сајфуло ни рече да одиме во Украина, во Киев. И дека таму ќе ни даде милион рубљи – вели тој за време на сослушувањето.
Други обвинети на снимката зборуваа за наводната помош што им била ветена по преминувањето на украинската граница.
– Сајфуло рече дека на украинската граница ќе нè чекаат луѓе кои ќе ни помогнат да ја поминеме границата и да стигнеме до Киев. Ни велеше: „Јавете ми се, па ќе ви кажам што да правите“ – сведочеше обвинетиот.
Според последните податоци, во терористичкиот напад загинале 144 лица , а 551 се повредени. Досега 11 лица беа уапсени за учество во терористичкиот напад , меѓу кои и четворица мажи кои пукаа во салата. Рускиот истражен комитет соопшти дека иследниците пронашле докази за поврзаноста на сторителот со украинските националисти.