More

    Коментар на Илон Маск по најавата за влез на Украина во НАТО

    spot_img

    Американскиот бизнисмен Илон Маск ја спореди идејата за влез на Украина во НАТО со почетокот на филм за нуклеарна апокалипса.

    Маск се огласи на Твитер, каде коментираше објава со видео од обраќањето на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба. Шефот на Стејт департментот за време на говорот рече дека Украина „ќе стане членка на НАТО“.
    „Тоа е буквално почеток на филм за нуклеарна апокалипса“ – напиша Маск под објавата.

    Сопственикот на Твитер прикачи и линк со извадок од американскиот филм „The Day After“ (1983) за нуклеарната војна меѓу СССР и САД.

    Претходно, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Украина треба да стане членка на Алијансата, но не кажа кога тоа ќе се случи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img