More

    Сообраќајка со туристички автобус од Македонија во Италија – возачот загинал, 12 лица се повредени

    spot_img

    Тешка сообраќајка со автобус со туристи од Македонија денеска се случила во Италија, информираше Министерството за надворешни работи.

    Несреќата се случила на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона.

    Автобусот бил во сопственост на туристичка агенција од Македонија, при што на лице место починал возачот на автобусот, Р. И. (1965 година)  – македонски државјанин, додека полесно повредени се 12 патници од Македонија.

    Од МНР велат дека преку Амбасадата во Рим остануваат во комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот.

    Според италијанските медиуми, автобусот утрово околу 10 часот се судрил со два камиони на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона.

    По судирот, едниот од камионите се запалил во тунел, a причините се’ уште се утврдуваат.

    Македонските патници се пренесени во болница, пишуваат италијанските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img