Авионот на американскиот државен секретар Антони Блинкен имал механички проблем во Париз, поради што неговата делегација морала по пат да отпатува од Париз до Брисел на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, изјави портпаролот на Стејт департментот.
На друго патување во Европа, оваа година во јануари, Блинкен исто така имаше проблеми со авионот и накратко остана заглавен во швајцарскиот зимски центар Давос.
Блинкен денеска отпатува на дводневна средба на министрите за надворешни работи на 32-те членки на Алијансата. Средбата на шефовите на дипломатиите е на 75-годишнината од основањето на НАТО, 4 април 1949 година.