Во Финска, каде ученик уби 12-годишно момче и тешко повреди две девојчиња на иста возраст во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки, денеска е Ден на жалост.
Шестоодделенец во училиштето е уапсен откако отворил оган врз своите врсници, пишува Асошиејтед прес.
Нападот ги шокираше жителите, финските сино-бели знамиња беа на половина копје, а голем број луѓе, меѓу кои родители, наставници и ученици, положија цвеќе и запалија свеќи пред училиштето.
Момче (12) од повредите починало на местото на нападот, а две повредени девојки се во болница и се во тешка состојба.
Наставата во ова училиште продолжи и денеска.
Финска беше сведок на два големи вооружени напади во училиштата во 2007 и 2008 година. По нив, земјата ги заостри законите за оружје, зголемувајќи ја минималната возраст за поседување огнено оружје и давајќи ѝ на полицијата поголеми овластувања да ги провери апликантите за дозволи за оружје.