Бирото да се всели во старите канцеларии на ТИРЗ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) предлага Бирото за развој на образованието (БРО) да се пресели во нејзините сегашните простории, за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) да ги користи бараките во кои сега е сместено Бирото. Дирекцијата за ТИРЗ, пак, има нови канцеларии кои сѐ уште официјално не се во функција, но денеска во нив се одржа првиот настан – серијата панели од проектот на „Иднината почнува дома“.

Според директорот на Дирекцијата, Јован Деспотовски, со ова ТИРЗ нуди конкретно решение на проблемот. Студентите, смета тој, мора да имаат приоритет над администрацијата.

– Денеска овде беше и деканот на ФИНКИ, Боро Јакимовски, пред протестот пред Владата за обезбедување подобри услови за студентите. Ние и со овој денешен настан им изразуваме поддршка во тој протест за да се обезбедат тие услови. Дирекцијата за ТИРЗ го понуди постојниот простор во строгиот центар на градот за сите државни институции, пред сѐ, Бирото за развој на образование, да ги користат без ограничување. За возврат, Бирото треба да излезе во пресрет на барањата на ФИНКИ и да ги отстапи бараките што ги користи, за потребите на студентите. Сите млади мора да сфатат дека оваа држава може да им даде поддршка тука да се чувствуваат дома, а не дома да им биде на некое друго место – изјави Деспотовски по денешниот настан во ТИРЗ.

ФИНКИ денеска пред Владата го одржа вториот протест, испраќајќи порака дека останува на барањето да се всели во просториите на Бирото за развој на образованието.

Share This Article