Едно 12-годишно дете загина откако беше застрелано во основно училиште во финскиот град Вантаа, во близина на Хелсинки, соопшти денеска финската полиција, пренесе ДПА.
Други двајца 12-годишници се тешко повредени, соопшти полицијата.
Масакрот во основното училиште во финскиот бград Вантаа сè повеќе потсетува на белградскиот масакр во ОУ „Владислав Рибникар“ од 3 мај минатата година кога 13-годишниот Коста Кецмановиц уби 9 соученици и чуварот на училиштето.
Службите за итни случаи по страшниот инцидент, пред училиштето во Ванатаа уапсија еден 12-годишен ученик. Осомничениот сторител со себе имал огнено оружје. Полицијата соопшти дека апсењето поминало без проблеми.
Од јавноста беше побарано да се држи подалеку од областа додека полицијата продолжува со истрагата во основното училиште во областа Виертола во Вантаа, на југот на Финска, потсетува ДПА.