More

    Таткото на момчето убиец од Врачар им одговори на родителите на жртвите

    spot_img

    Во Вишиот суд во Белград, родителите на жртвите од масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ му поставија прашања на таткото на Коста Кецмановиќ, момчето убиец. Тој рекол дека не е виновен за она што се случило, пишуваат српските медиуми.

    –  Воспитан сум, пораснав во угледно семејство. Жал ми е за она што се случи, но мислам дека не сум виновен, не го направив тоа – изјавил тој.

    Судењето за таткото и мајката на Коста е затворено за очите на српската јавност. Неименуван извор вели дека таткото одговорил на сите прашања од родителите на жртвите.

    –  На денешното судење тој одговори на прашањата што родителите на убиените деца првпат имаа можност да му ги постават, бидејќи во претходното судење судот пресуди дека тие имаат статус на оштетени, но не и на сведоци и дека можат да ја следат неговата одбрана од судницата и да учествуваат во постапката. Речиси сите родители го имаа истото прашање – Дали се чувствува виновен за тоа што го направил неговиот син тој ден, кога (синот) дошол на училиште вооружен со двата пиштоли на татко му кои претходно ги зел од ранецот во кој ги чувал и го убил чуварот, а потоа и другите врсници? – открива информиран извор.

    Коста К. лани на 3 мај уби девет соученици и чувар во своето основно училиште во населбата Врачар во Белград.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img