Јапонската влада се подготвува да изгради подземни цивилни засолништа направени од челик армиран бетон со дебелина од 30 сантиметри во случај да избие воен конфликт во соседен Тајван.
Засолништата ќе бидат изградени на островите во префектурата Окинава, кои се најблиску до Тајван, пренесува Танјуг пишување на јапонските медиуми.
Објектите, како што се наведува, ќе се градат на места лоцирани на оддалечени острови од каде е можна евакуација. Засолништата би биле достапни за оние кои не можат навреме да се евакуираат, додека за останатите е смислен план за евакуација.
Објектите ќе складираат доволно храна и вода најмалку две недели, а секој човек треба да има околу два квадратни метри за себе. Кога не се во употреба, засолништата може да се користат за состаноци и други собири, изјавија локалните власти, пренесува Бљесак.инфо.