Објавена е новата стихозбирка на Ристо Лазаров

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Издавачката куќа ,,Матица македонска“ ја објави најновата, 36-та по ред стихозбирка на Ристо Лазаров, под необичен наслов ,,Господ во бели патики“.

Како и последните десетина негови книги, и оваа содржи 7 циклуси по 7 песни плус една во вид на пролог.

,,Како исклучително динамичен и луциден дух, Ристо Лазаров сака да живее во склад со пулсот на своето време, сака да биде ангажиран автор (во сартровска смисла). И успева во тоа. Во текот на своите седум и пол децении животна авантура, овој наш реномиран поет ја исцртува сопствената поетска траекторија во духот на времето, од збирката првенец ‘Ноќна птица во паркот’ (1972), до најновата, 36-та објава ‘Господ во бели патики’ (2024). Поезијата на Лазаров се соочува, одлучно и непоколебливо, остроумно и критички, со сите историски и актуелни цивилизациски подеми и падови, со националните и универзалните неправди и порази, како на пример, преку мемориската матрица за ‘гасните комори на Аушвиц’ (‘Црна песна’) или преку евоцираната судбина на Македонија со векови претоварена со жални песни и стрвни крлежи (‘Крлежи’), но исто така и преку реминисценциите за раскошната ‘водена вселена’ наречена Титаник со која потонал стариот век додека величествено свирел бродскиот оркестар (‘Јарбол’) или преку пророчките визии за ‘новата апокалипса’ која подмолно ги тресе нашите и светските плоштади, а која е проследена со првите тактови на Бетовеновата Хероика (‘Апокалипса’). Сеедно дали гледа во ретровизорот наназад – во историјата како прав измешан со отров за глувци, ‘скриена ножица’ за кастрење на старите корени, но и луксузен салон (‘Отров за глувци’) – или пак кореспондира со виртуелната реалност – Цели народи на светов и веков летаат на вештачки волшебни килимчиња (‘Волшебни килимчиња’) – поетот го крева својот глас во поетот го крева својот глас во име на универзалните хуманистички вредности“, напиша реномираната есеистка, професорката Лидија Капушевска -Дракулевска, во поговорот кон оваа книга.

Share This Article