Европската унија ги забрани летовите на турската авиокомпанија Southwind Airlines, бидејќи се сомнева дека компанијата е формирана со руски капитал.
Забраната на ЕУ, која веднаш стапува во сила, е во согласност со Регулативата бр. 833/2014, која се однесува на санкциите поврзани со дејствијата на Русија против Украина. Пред забраната, Southwind имаше летови до неколку европски дестинации, меѓу кои и до Македонија.
Компанијата во летните месеци реализираше чартер летови од Скопје до Анталија.
Авиокомпанијата со седиште во Анталија е основана во 2022 година за да превезува патници меѓу Русија и Турција, но неодамна побара дозвола да оперира и од Турција до Германија, Грција, Финска и до други земји на ЕУ.
Според ЕУ, најголемиот дел од нејзиниот имот и персонал, вклучувајќи ги и трите авиони, беа префрлени од руската авиокомпанија Нордвинд ерлајнс , во сопственост на тур- операторот Пегас Туристик.
Досега вкупно 16 турски компании беа санкционирани поради наводно олеснување на транзитот на стоки со двојна употреба што може да ги користи руската војска.