Откако се појави видеото од девојче снимено во Виена, во придружба на две жени, кое наликува на исчезнатата Данка Илиќ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Откако се појави видеото од девојче снимено во Виена, во придружба на две жени, кое наликува на исчезнатата Данка Илиќ, за српскиот Курир проговори дедо на Данка.

– Не знам ништо, додека не биде официјално објавено, не можам многу да кажам околу тоа – кратко рекол дедото, а на новинарското прашање дали знае за што точно станува збор, како и дали го видел објавеното видео, рекол дека не го ни видел.

И вујкото на девојчето ја коментирал снимката.

– Го видов видеото. Додека 100% не се утврди дека е Данка, не ми е полесно… Видеото е премногу матно – изјавил за Блиц вујкото Стефан Драгомировиќ.

Откако се појави видеото од Виена, од сите страни има реакции. За семејството на исчезнатото девојче, видеото е надеж дека е живо, но неизвесноста сѐ уште е присутна.

– Многу ми е тешко да чекам вести – рекол вујкото.

Како што додава, не знае дали мајката на Данка Илиќ го видела видеото.

Тој ги коментирал сличностите меѓу девојчето од видеото и неговото внуче.

– Па, косата и одењето се слични – додал Драгомировиќ.

- Advertisement -
Ad image

Курир пишува дека семејството нема роднини во Виена.

Полицијата ги презела сите мерки за проверка на добиените информации.

Се замолуваат и сите кои живеат во Виена, доколку ја видат Данка, да пријават во полиција.

- Advertisement -
Ad image

Данка има 2 години, кафеава коса и кафеави очи, а висока е околу 85 сантиметри.

Share This Article