Наредена е детална форензичка анализа на телефонот на мајката на Данка, пишуваат српските медиуми во врска со девојчето по кое се трага веќе петти ден. Мобилниот телефон на мајката на девојчето Данка Илиќ е испратен на вештачење во рамки на истрагата, веднаш по исчезнувањето на детето, а вчера се дозна дека на денот на исчезнувањето мајката избришала бројни пораки и повици.
Обвинителството во Србија, земајќи го предвид фактот дека мајката последна контактирала со девојчето, нареди детално вештачење на нејзиниот телефон.
Според новинарите на Блиц, во Бањско поле пристигнале инспектори од Белград. Новото испрашувањето на таткото и мајката тукушто завршило, објавија српските медиуми пред еден час. Таткото на исчезнатата Данка Илиќ пристигнал во полициската станица во Бор, каде што бил придружуван од неговите родители. Таму сведочи. Тоа е дел од стандардна процедура, но тој не беше приведен.
Српски Телеграф јавува дека хеликоптери надлетуваат над Борско езеро во близина на местото каде последен пат беше видена Данка.
Жител на Бањско Поље кој живее во близина на куќата во која пред пет дена исчезна Данка за Ало! откри што разговарал со членовите на српското МВР и што видел:
– На тој имот има нешто како бара во аголот, но покриено е па личи на трева. Им кажав на полицајците дека се сомневам дека девојчето тука паднало и дека сакам да влезам во таа бара. Полицајците само ме погледнаа и рекоа дека знаат за таа бара и дека нивниот службеник веќе влегол. Не ја најдоа – изјавил соседот и додал дека барата изгледа дека е длабока 60 до 80 сантиметри.